Категорија: Македонија 07.02.2018 09:50
Адис Јаховиќ во изминатиот зимски јануарски преоден рок се реши да се пресели во Коњаспор, неговиот договор со Гезтепе истекуваше идното лето, па клубот од Измир доби еден ипол милион евра за овој трансфер.
Тренерот на Гезтепе, Тамер Туна во изјава за турските медиуми изјави дека можеби треба да се слушне телефонски со неговиот поранешен најдобар фудбалер од составот, но за ова доби одговор токму од Македонецот на социјалните мрежи.
„Нема потреба да ми се јавиш“ му порача Јаховиќ кој во пораката потсети дека без него 30-те поени во најсилниот турски фудбалски шампионат немаше да бидат реалност за тимот од Измир.