24фудбал

Зошто ниту еден играч на Барса не се појави на роденденските забави на Нејмар?

Бразилецот на 5. јануари наполни 26 години и организираше неколку забави во Париз на кои немаше ниту еден негов поранешен соиграч од Барселона

Шпанија

Нејмар изминатиов викенд го прослави својот роденден, беа организирани неколку забави во Париз на кои присуствуваа пријатели и роднини од Бразил, соиграчите од ПСЖ како и фудбалери од други клубови со кои напаѓачот е во добар однос.

Но на забавата немаше ниту еден поранешен соиграч од Барселона. Бразилецот остана добар пријател со соблекувалната на Камп Ноу и покрај тоа што е во војна со лидерите на клубот по трансферот на Паркот на Принцовите.

Според пишувањата на Спорт, Нејмар доставил покани до Лео Меси, Луис Суарез и компанија, но тие не можеле да присуствуваат на забавите изминатиов викенд поради обврските во првенството на Шпанија и дербито со Еспањол.

Неколку играчи на Барселона во понеделникот требале да отпатуваат за Париз на трета и поинтимна забава, но летот бил откажан поради лоши временски услови. 

Сепак, на социјалните мрежи се појави слика од Лео Баптистао во друштво на Нејмар, кој настапи за Еспањол на дербито со Барселона, па прашање е како тој успеал да отпатува за Париз а не и делегацијата на Барса.