24фудбал

Фергусон му посочи на Мурињо на кој фудбалер треба да му дава поголема минутажа (ВИДЕО)

Англичанецот кој важи за голем талент препорачан кај Мурињо, и тоа од страна на Алекс Фергусон.

Англија

Вчера се одржа 60 годишнина од стравичната минхенска несреќа во која животот го загубија поранешни фудбалери на Манчестер јунајтед.

По церемонијата Фергусон се поздравуваше со фудбалерите на тимот од Олд Трафорд, а потоа на ред стигна и португалскиот стратег Жозе Мурињо.

Очигледно е дека Фергусон во својата конверзација со Мурињо му го посочи младиот и 21 годишен фудбалер од средниот ред, Скот МекТоминеј дека заслужува поголема шанса во тимот.