24фудбал

Ќе се прославеше: Малку недостасуваше Ристовски да постигне неверојатен гол против Порто! (ВИДЕО)

Македонецот за малку до херој за Спортинг Лисабон, но бомбата заврши веднаш над голот на големиот ривал на неговиот тим.

Македонија

Нашиот репрезентативец и член на Спортинг Лисабон синоќа стартуваше од првата минута за својот тим во големото дерби против Порто во рамките на првиот меч помеѓу обете екипи во полуфиналето од Купот.

Порто славеше со 1-0 пред своја публика а малку недостасуваше Ристовски да постигне неверојатен погодок, ќе се прославеше многу доколку ја сместеше топката во мрежата од голот на големиот ривал на Спортинг...

Ристовски играше седо 74. минута од средбата, а реванш пресметката во битката за влез во финалето на португалскиот куп ќе се одигра идната недела.