24фудбал

Фановите на Мајнц фрлаа бонбони на теренот, судијата се заблажи, а го понуди и Де Јонг (ВИДЕО)

Доста интересна ситуација во Германија која за момент ги насмеа фудбалските фанови.

Германија

Мајнц доживеа елиминација во германскиот Куп откако во четвртфиналето загуби со 3-0 на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт, сепак, нивните фанови ги освоија симпатиите.

Во еден момент од средбата во Франкфурт, гостинските фанови почнаа да фрлаат бонбони на теренот, а главниот арбитар на средбата Дениз Ајтекин се реши да земе од истите, дури го понуди и фудбалерот на Ајнтрахт, Де Јонг кој се насмеа на оваа негова реакција...