24фудбал

Роналдо: Реал Мадрид треба да размисли за Нејмар

Реал Мадрид беше најчесто споменуваниот клуб за Бразилецот во однос на шпекулаците околу неговата иднина.

Шпанија

Поранешниот бразилски репрезентативец и член на Реал Мадрид, Роналдо, истакна дека на европскиот и шпански првак му се потребни најдобрите фудбалери на светот, а еден од нив секако е Нејмар.

Нејмар е фантастичен фудбалер, за неколку години тој може да биде најдобриот на светот. На Реал Мадрид му се потребни најдобрите, јас не слушнав дека некој од челниците на клубот рекол нешто за Нејмар. Тие треба да размислат за него многу добр бидејќи оваа година беше тешка за клубот“ рече Роналдо.

Нејмар за сума од 222 милиони евра премина од Барселона во редовите на ПСЖ минатиот летен преоден рок, но за кратко почнаа и нови шпекулации поврзани за Бразилецот кој од ден на ден го селат на „Сантијаго Бернабеу“.