24фудбал

Левандовски по брза постапка го откачи Реал Мадрид

Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски ги прокоментира шпекулациите кои го поврзуваат со Реал Мадрид, Полјакот веднаш ги негираше и порача дека ова се случува секоја година

Шпанија

Се најавува дека „Кралевите“ летоска ќе прават голема реконструкција на тимот, со прселба на Сантијаго Бернабеу се поврзуваат неколку имиња, помеѓу кој и Роберт Левандовски.

Марка вчера објави дека на Полјакот му е здосадено во Баерн и Бундеслигата, па самиот се понудил на Реал. Наводно агентот на напаѓачот веќе остварил контакт со Флорентино Перез.

Самиот Роберт Левандовски попладнево ги прокоментира шпекулациите и порача дека ова се случува секоја година.

„Гласините не допираат до мене, навикнат сум, ова се случува секоја година. Не сакам да кажам ништо повеќе на оваа тема“ - изјави кратко голгетерот на Баерн.

Роберт Левандовски е под договор со „Баварците“ до 2021, клубот од Алианц Арена не ги продава своите најдобри играчи, па се чини дека Реал Мадрид има подобри шанси за ангажман нa Маури Икарди или Хари Кејн, другите двајца напаѓачи со кои се поврзува шампионот на Шпанија и Европа.