24фудбал

Кутињо го постигна својот деби гол за Барса (ВИДЕО)

Само три минути откако влезе во игра во второто полувреме, Филипе Кутињо погоди на Местаља за водство против Валенсија од 1-0 во Купот на Шпанија.

Шпанија

Филипе Кутињо го постигна својот прв погодок во дресот на Барселона. Во игра влезе на почетокот од второто полувреме, а по асистенција од Суарез во 49. минута погоди за водство на својот тим од 1-0

Валенсија и Барселона го играат реванш полуфиналниот натпревар од Купот на Шпанија.