24фудбал

Ди Мариа: Бев толку блиску до трансфер во Барселона...

Фудбалерот на ПСЖ не крие дека бил на чекор до преселба во каталонскиот гигант во минатиот летен преоден рок.

Франција

Анхел Ди Мариа игра во одлична форма во последниов период, Аргентинецот често беше селен во Барселона од страна на медиумите, но шпекулациите биле сепак реални, што потврдува и неговата изјава.

Бев толку блиску до трансфер во Барселона, но едноставно не сакаше да се случи тоа...“ издвои Ди Мариа.

За првата ѕвезда на каталонскиот гигант а воедно и негов сонародник, Лионел Меси, тој додаде дека нема зборови со кои би можел да го опише него како фудбалер, постојано правел изненадувања на теренот.