24фудбал

Бум бум Кутроне како Инзаги, Милан убедлив против СПАЛ (ВИДЕО)

„Росонерите“ продолжуваат со одличните резултати под водство на Џенаро Гатузо, попладнево лесно триумфираа на гостувањето кај СПАЛ со 0-4

Италија

Милан прокнижи нови три бода, „Росонерите“ предводени од талентираниот Кутроне со триумф од 0-4 се враќаат од „Паоло Маца“.

Резултатот беше отворен по само две минути. Кутроне се најде на право место и по одбраната на домашниот голман, со рутинска завршница донесе 0-1.

Младиот напаѓач потоа постигна гол налик на оние на легендарниот Пипо Инзаги. Кутроне во 65. минута одново се најде на право место и во право време по шутот на Сусо и со голема доза на среќа ја смести топката во празната мрежа. Неговиот прв обид заврши во стативата, но самиот налета на одбиената топка и од оваа ситуација не можеше да промаши.

До крајот на средбата, Биља погоди за 0-3, а во финишот од средбата конечните 0-4 ги постави Борини.