24фудбал

Два гола на Адеми во победата а Динамо Загреб против Осијек на Ејупи (ВИДЕО)

Одлично издание на македонскиот репрезентативец.

Македонија

Динамо Загреб со триумф од 2-4 се враќа од гостувањето кај Осијек во дербито на 21 коло во најсилниот хрватски фудбалски шампионат.

Два гола во победата на тимот од Загреб постигна нашиот Аријан Адеми, првиот за 0-2, вториот за 0-4.

Адеми ги одигра сите 90 минути за гостинскиот табор на кого беше капитен, а кај домаќините 66 минути одигра Музафер Ејупи.