24фудбал

Санчез го откри моментот кога Меси плачел во соблекувалната на Барселона (ВИДЕО)

Првата ѕвезда на Барселона доста емотивно го примил фактот што нема да биде дел од големиот фудбалски спектакл.

Шпанија

Алексис Санчез, фудбалерот на Манчестер јунајтед во интервју за „Скај Спорт“ говореше околу предизвикот кој го носи фудбалот за еден професионален фудбалер, меѓу другото, тој откри кога Лионел Меси, првата ѕвезда на Барселона плачел во соблекувалната.

Фудбалот е голем предизвик за еден спортист, човек. Може да ти донесе голем луксуз, но луѓето не сфаќаат што има зад сцените. Сето тоа значи дека во многу ситуации нема да можете да и честитате на својата мајка роденден, многумина се фокусирани толку многу во своите кариери што дури и ги забораваат родендените на своите деца“ изјави Санчез.

Можете да плачете во текот на натпревар, можете по истиот, доколку загубите финале. Сето тоа е дел од фудбалот. Во Барселона во соблекувалната по мечот со Челси, го видов Лео како плачеше. Сево ова е поради тоа што самите фудбалери бараат и даваат се од себе, луѓето често не го забележуваат тоа“ додаде Чилеанецот алудирајќи на реванш мечот против Челси во полуфиналето од Лигата на шампините кога англискиот тим извлече реми (2-2) на Камп Ноу арената со што избори место во финалето.