24фудбал

Балотели се расправаше со фановите на Дижон, Ница вели бил навредуван на расна основа (ВИДЕО)

Италијанскиот напаѓач немаше добра комуникација со навивачите на Дижон.

Франција

Марио Балотели имаше чудна конверзација со дел од фановите на Дижон во натпреварот каде неговиот тим Ница загуби на гостувањето кај својот противник со 3-2.

Во еден момент италијанскиот напаѓач почна да негодува кон нив а потоа со гестикулација им упати порака да замолчат, но доби и жолт картон поради претходната конверзација со нив.

Од Ница велат дека нивниот фудбалер добил навреди на расна основа, токму поради тоа имал таква реакција кон домашните навивачи.