24фудбал

Тер Штеген за момент си поигра со нервите на фановите на Барса, но неговиот потег беше доста успешен (ВИДЕО)

Германскиот голман имаше перфектен дриблинг со што го исфрли од игра својот противник.

Шпанија

Барселона се „сопна“ во дуелот пред своја публика на Камп Ноу против Гетафе откако одигра без голови во редовното коло од шпанската Примера, каде на табелата едноставно „царува“ на првото место.

Неполна минута откако почна средбата голманот на домаќините, Тер Штеген направи потег со кој барем за момент си поигра со нервите на фановите, но истиот беше и повеќе од успешен против гостинскиот голман Анхел.