24фудбал

Леватен оштетен, градското дерби за Валенсија, Барди одигра 20 минути на Местаља (ВИДЕО)

„Лос Че“ со 3-1 славеше над Леванте во градското дерби на Велансија но со голема помош од судиите, Енис Барди доби шанса од клупата и одигра 20 минути на Местаља

Шпанија

Валенсија ја прекина серијата лоши резултати со триумф над Леванте во локалното дерби. Во интересен и возбудлив натпревар, домаќините славеа со 3-1.

Резултатот беше отворен во 17. минута, Санти Мина најдобро се снајде по еден корнер од левата страна и донесе предност од 1-0. Сепак, гостите стигнаа до изедначување само 60 секунди подоцна. Постиго ја искористи заспаноста на одбраната на домаќините и погоди за 1-1.

Леванте потоа постигна и гол за водство во 64. минута, но судијата го поништи поради наводен прекршок од Коке врз Гаја, но на повторените снимки добро се виде дека Паулиста беше тој го турна сопствениот соиграч.

Веќе во следната акција Валенсија стигна до ново водство, упориот Вието се снајде во една мешаница и ја затресе мрежата на Леванте за 2-1. Точка на натпреварот стави Парехо со удар од 11 метри во 89. минута.

Нашиот Енис Барди доби шанса од клупата и ги одигра завршните дваесетина минути од мечот на Местаља.