24фудбал

Голот на Несторовски од пенал залуден, Крагл со „проектил“ го потопи Палермо (ВИДЕО)

Илија Несторовски биеше прецизно од белата точка против Фоџа, но гостите успеаја да направат пресврт и да слават со 1-2

Македонија

Палермо пропушти шанса да се изедначи на врвот на табелата со Емполи и Фросиноне откако вечерва загуби пред своите фанови во пресметката со Фоџа.

По едно мирно прво полувреме, вторите 45 минути беа прилично возбудливи. Најпрво Илија Несторовски сам изнуди пенал и беспрекорно ја изведе најстрогата казна за 1-0.

Но само неколку минути подоцна Коронадо стартуваше опасно и доби директен црвен картон.

Гостите веднаш ја искористија бројчаната предност, Дуамел донесе 1-1 во 78. минута, а Крагл со „проектил“ во 84. минута ги потопи „Сицилијанците“ и донесе победа за гостите.