24фудбал

Спортскиот директор на Палермо: Торино се обиде да го ангажира Несторовски, но имаше и други клубови заинтересирани за него

Тимот од Серија А имал обиди да дојде до потписот на Несторовски, но очигледно е дека Палермо не попуштал од своите барања за својот капитен.

Македонија

Во интервју за „RMCSport, спортскиот директор на Палермо, Фабио Лупо откри дека тимот од Сицилија имал доста активен зимски преоден рок за нашиот напаѓач Илија Несторовски, за што додава дека следната година е наредната шанса.

Имаше неколку обиди за него, како за пример ќе го земам Торино од Серија А, тие се обидуваа, исто, имаше и клубови вон Италија кои беа заинтересирани за нашиот фудбалер, се надеваме дека следните шанси ќе бидат исто наредната година“ рече Лупо.


Јасно е дека Палермо не попуштал од своите барања за својот капитен кој сезонава на 18 натпревари постигна 11 погодоци.

 

Извор: tmwradio.com