24фудбал

Кјелини: Сам да го сопрам Кејн? Тоа е речиси невозможно!

Дефанзивецот на Јуве побара помош од останатите соиграчи за да се сопре еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Лига на Шампиони

Италијанскиот првак а воедно и европски вицепрвак, Јувентус вечерва на домашен терен ќе се судри со Тотенхем во првиот дуел помеѓу овие две екипи во рамките на осминафиналната рунда од Лигата на шампионите.

СОСТАВОТ НА ЈУВЕ ЗА ПРЕСМЕТКАТА СО ТОТЕНХЕМ

Како што е познато, Дибала е вон комбинација за вечерашната пресметка, Алегри не сака да ризикува со Аргентинецот, а столбот во одбраната на Старата Дама, Џорџо Кјелини побара помош од своите соиграчи за да се сопре најопасниот од редовите на противникот – Хари Кејн.

Сам да го сопрам Кејн, еден на еден, е речиси невозможно, не сум до толку арогантен...“ изјави Кјелини.

Мислам дека колективно, Јувентус е во можност да го сопре Тотенхем, дуелите еден на еден се исто така важни, но целиот тим ќе мора да го даде максимумот од себе да се сопре целиот тим на противникот, не само Хари Кејн“ додаде искусниот дефанзивец.