24фудбал

Провокација од Каталонија пред дуелот на титаните на Бернабеу: Роналдо и Нејмар ќе докажуваат кој е Број 2! (ФОТО)

Вечерва сите очи ќе бидат вперени во Мадрид каде Реал и ПСЖ ќе ги одмерат силите во Лигата на шампионите, пред почетокот на средбата пристигна провокација од Каталонија

Лига на Шампиони

Во битка на титаните, Реал Мадрид го пречекува ПСЖ на Сантијаго Бернабеу во првиот натпревар од Лигата на шампионите. За многумина ова ќе биде и дуел помеѓу Кристијано Роналдо и Нејмар. Со таков став е и каталонскиот Мундо Депортиво, кој сепак го оскористи овој спектакл за да упати провокација.

Весникот на својата насловна страна објави слика од Португалецот и Бразилецот и напиша Quien es el N°2? или во превод „Кој е Бројот 2?“. Прашањето очигледно имплицира дека ѕвездата на Барселона, Лео Меси е најдобриот гирач во светот, па неговите ривали од Реал Мадрид и ПСЖ можат да борат само за второто место на престолот.

Првиот човек на весникот, Санти Ноља вели: „Подолго време Бројот 1 е во сопственост на Меси. И за ова има малку дискусија помеѓу експертите. Па пресметката помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ ќе го даде одговорот на прашањето за бројот 2, Нејмар ќе му конкурира на Роналдо. Некои дури го ставаат и Мбапе во оваа битка, но во овој момент, прилично јасно е дека Португалецот и Бразилецот се главните натпреварувачи“.