24фудбал

Хет-трик на Баже Илијоски за 16 минути!

Искусниот голгетер има фантастично деби во дресот на Шкупи откако со брз хет-трик му донесе голема предност на својот тим против Академија Пандев.

Македонија

По првото полувреме Шкупи има водство од 3-1 против Академија Пандев, а најзаслужен за тоа е напаѓачот Баже Илијоски.

Тој го отвори мечот во седмата минута, десет минути подоцна зголеми на 2-0, а хет-трик комплетираше во 23. минута. До крајот на полувремето Академија Пандев преку Стоилов успеа да го намали резултатот на 3-1.

Доколку Шкупи ги освои трите бода ќе ја помине Академија Пандев на табелата.