24фудбал

Осогово како голем европски клуб, ги претстави дресовите за идната сезона (ФОТО)

Осогово оваа зима сврте нов лист, клубот делува многу поорганизирано, донесе неколку нови засилувања, го промени логото, изработува веб сајт, а одлично ги работи и социјалните мрежи. Клубот од Кочани преку својот инстаграм профил ги презентираше и трите варијанти на дресови за следната сезона.

Македонија

Како голем европски клуб, Осогово порано ги презентираше дресовите за сезоната 2018/19. Преку својот инстаграм профил покрај основната жолто сина комбинација, клубот претстави уште две варијанти на дресови.

Целта на Осогово оваа сезона е да остане во Втората македонска лига, а следната сезона да атакува и на пласман во највисокиот ранг и да го врати прволигашкиот фудбал во Кочани.