24фудбал

ФИФА ранг листа: По седум месеци напредок, пад од една позиција за Македонија

Најдобрата македонска фудбалска репрезентација со нов ранкинг.

Македонија

Македонската фудбалска репрезентација се најде на 74 место на светот во најновото рангирање на ФИФА листата, па ова е пад од една позиција по седум месечен напредок на истата.

Мартовските контролки со Финска и Азербејџан се нова можност за Македонија повторно да бележи искачување на листата.

Со Финска ќе ги одмериме силите на 23 март, додека пак, само четири дена подоцна и со Азербејџан, и двата натпревари ќе бидат одиграни на неутрален терен.