24фудбал

Историски ранкинг на Вардар на УЕФА листата

Вардар го мина рекордот во македонски рамки кој претходно го постави неговиот градски ривал.

Македонија

Бранителот на шампионската титула од македонскиот фудбалски шампионат, тимот на Вардар забележа рекорден пласман на рејтинг листата на УЕФА откако на најновото рангирање се најде на 201 место.

Токму црвено-црните имаа рапиден скок од 299 место на 237 место минатата година од цели 62 позиции, а за тоа посочи и УЕФА.

Како за потсетување, претходно, македонскиот рекорд на оваа листа го поседуваше Работнички кој во сезоната 2011/12 стигна до 205 место.