24фудбал

На Погба не му оди со Мурињо, од следната сезона ќе го облече дресот на Реал Мадрид?

Последните шпекулации од Англија велат дека Пол Погба би можел да го напушти Манчестер јунајтед во летниот преоден рок и да се пресели во Реал Мадрид.

Шпанија

Работите за Погба во Манчестер јунајтед не се одвиваат најдобро, тој беше еден од најслабите во поразот од Њукасл, дополнително играчот постојано има недоразбирања со Мурињо.

Англиските медиуми пишуваат дека таквата ситуација будно ја следи Реал Мадрид и е подготвен да понуди 135 милиони евра за Пол Погба.

Иако има договор до 2021 година, за добра понуда Мурињо би го продал Погба доколку на негово место дојде играч кој го сфаќа неговиот систем на игра.