24фудбал

„Нејмар е размазено дете, од него направивме вистинско чудовиште“

Поранешниот напаѓач на Бразил, Валтер Касагранде нема најдобро мислење за однесување на Нејмар, по натпреварот со Реал Мадрид искрено проговори што мисли за неговиот сонародник.

Франција

По лошиот натпревар на Реал Мадрид, Касагранде испрати големи критики за фудбалерот на ПСЖ.

„Ми смета што повеќето медиуми и навивачи и понатаму го удираат по рамо Нејмар без разлика што неговото однесување е се полошо. Против Реал доби жолт картон на почетокот од мечот и многу лесно можеше да добие втор жолт потоа. Замислете такво нешто да му се случи на Светско првенство, па тоа би било катастрофа“, вели Касагранде.

„Веќе се зборува дека ПСЖ би можел да го продаде бидејќи не се согласува со Кавани. Направивме чудовиште, а најголем проблем е што го сметаат за генијалец. Тој едноставно нема квалитет како Марадона, Меси, Роналдо можеа или можат со еден потег даодлучат натпревар. Тој е разгалено дете“.

„Фудбалот е колективен спорт. Тимовите не треба да бараат играчи како Нејмар. Тој треба да се прилагоди на тимот, а не тие на него. Пеле иако беше генијалец, се прилагодуваше на Сантос и беше дел од колективот. Нејмар не е таков“.