24фудбал

Јаховиќ го „тресна“ и шампионот, Македонецот донесе бод за Коњаспор против Бешикташ (ВИДЕО)

Адис Јаховиќ продолжува да ги тресе противниничките мрежи, нова жртва на Македонецот беше шампионот Бешикташ

Македонија

Коњаспор се избори за голем бод против Бешикташ откако вечерва одигра 1-1 пред своите фанови. За ремито најзаслужен е Адис Јаховиќ, Македонецот уште еднаш покажа дека игра во одлична голгетерска форма.

По еден час игра, Пепе направи кикс по една нафрлена топка на Ето, а Адис Јаховиќ немилосрдно казни со прецизен удар на поблиската статива за 1-1.