24фудбал

Од Академија Пандев не сакале да јадат во ресторанот на стадионот „Младост“ во Струмица, па затоа ќе играат во Турново (ВИДЕО)

Газдата на Беласица и стадионот Младост, Славчо Васков Пинда на Академија Пандев им ја понудил старата цена за користење на теренот но само доколку јадат во неговиот ресторан, тие одбиле и ќе играат во Турново.

Македонија

Пролетниот дел од Првата фудбалска лига, Академија Пандев ќе го игра на стадионот во Турново поради смешна причина.

Славчо Васков Пинда им дал цена од 72.000 денари по натпревар, но под услов и да јадат во ресторанот на стадионот „Младост“.

Од Академија Пандев не се сложиле на ваквиот предлог и натпреварите ќе ги играат на стадионот „Младост“ се додека не се направи нивниот терен.

За телевизија „Вис“ координаторот на Академија Пандев, Југослав Тренчовски ја објаснува ситуацијата. А претседателот на Беласица, Славчо Васков Пинда ја потврди понудата која им ја дал на Пандевци.

„Да бидеме транспарентни, со Академија Пандев се договоривме да играат на нашиот стадион и да плаќаат по 1.000 евра од натпревар плус ДДВ, но за да ја добијат оваа цена требаше нивниот клуб и нивните играчи да јадат кај нас. Јас сакав и поголема цена да постигнам, но за да не ја зголемам цената, им реков деа ќе ја добијат старата само ако јадат кај нас. Стадионот има големи трошоци и тие се наши“, изјави Пинда за телевизија „Вис“.


Извор: Телевизија „Вис“

Фото: Академија Пандев