24фудбал

Пандев ги решета своите поранешни клубови, по Лацио, му даде гол и на Интер! (ВИДЕО)

Горан Пандев втора сезона по ред ја тресе мрежата на својот поранешен клуб Интер, Македонецот вечерва донесе водство за Џенова од 2-0

Македонија

Популарниот Гоче минатата сезона ги матираше „Нероаѕурите“ и обезбеди тогаш три важни бода во борбата за опстанок, а и сега е на прагот да донесе победа за Џенова.

Во 59. минута од средбата, Горан Пандев одлично се снајде по шутот на Лаксалт, ја смири топката во срцето на шеснаесетникот и неодбранливо биеше за 2-0 и голема радост на Луиџи Ферарис.