24фудбал

Валверде објасни зошто Кутињо мечот со Еибар го почна на клупа

Стратегот од клупата на каталонците ја објасни својата одлука.

Шпанија

Барселона обезбеди победа од 0-2 на гостувањето кај Еибар во редовното коло од шпанската Примера, а на изненадување на многумина скапото засилување за Каталонците, Филипо Кутињо, мечот го почна од клупата за резервни фудбалери.

Ернесто Валверде, шефот на стручниот штаб ја објасни својата одлука зошто Бразилецот се најде на клупата.

Сево ова беше за доброто на тимот, да стигнеме до победа. Минатата недела Кутињо беше стартер, Иниеста почна од клупата, оваа недела Иниеста беше тој кој стартуваше“ рече Валверде.

Точно е дека во вторник не очекува уште еден натпревар, но за мене најважното во овие моменти беше мечот со Еибар“ додаде тој за Кутињо, кој во игра влезе во 63. минута токму на местото на Иниеста.