24фудбал

Кога Нејмaр ќе тргне сам против сите, Бразилецот го измеша пола тим на Стразбур (ВИДЕО)

Нејмар уште еднаш си поигруваше со противниците во Лиг 1, жртви на Бразилецот беа фудбалеите на Стразбур

Франција

ПСЖ вчера со 5-2 го совлада Стразбур. Мамурлукот по поразот од Реал Мадрид траеше само десетина минути, потоа избраниците на Емери почнаа да играат како што умеат и брзо го средија противникот.

Нејмар одново блескаше на теренот, тој направи дар-мар во одбраната на гостите и донесе водство од 2-1 во 21. минута од мечот.

Но уште поимресивни беа вештините кои ги покажа кон финишот на средбата, кога тргна сам против сите и го измеша пола тим на Стразбур но Анхел Ди Марија промаши зицер и го остави Бразилецот без една од најубавите асистенции оваа сезона.