24фудбал

Магија на Марко Ројс, еврогол со шут кој ретко се гледа (ВИДЕО)

Марко Ројс го постигна својот прв гол за Дортмунд по мај 2017, Германецот тоа го стори во голем стил и изведе шут кој ретко се гледа

Германија

Германецот по тешката повреда на коленото овој месец се врати на терените и веднаш покажа дел од талентот поради кој важеше за еден од најперспективните играчи во Европа.

Марко Ројс вечерва против Менхенгладбах го постигна својот прв гол по мај 2017 и тоа во голем стил.

Ѕвездата на Борусија Дортмунд постигна еврогол со шут кој ретко се гледа. Многумина се зачудени од движењето на топката и како Германецот од таа позиција успеа да погоди под пречката.