24фудбал

Хамес проговори за притисокот во Реал: Постојано сте под лупа, на кантар ви ставаат сè, и она што ќе го кажеш и она што нема...

Хамес Родригез проговори за авантурата на Сантијаго Бернабеу, вели дека има само убави спомени но признава дека притисокот во „Кралскиот“ клуб е огромен

Шпанија

По мундијалот во Бразил, Реал Мадрид искешира 80 милиони евра за да го ангажира Хамес Родригез. Колумбиецот пристигна како големо засилување но само во малку наврати покажа дел од својот раскошен талент.

Изминатово лето тој замина на мала врата, беше испратен на две годишна позајмица во Баерн Минхен. На Алианц Арена тој полека се враќа во старата форма и „Баварците“ веќе решиле во целост да го откупат по крајот на сезоната за околу 42 милиони евра.

Во разговор со УЕФА, Хамес Родригез сега проговори за неговата авантура во престолнината на Шпанија.

„Искусив три уникатни сезони каде освоив сè што можеше да се освои. Имав три добри сезони, постигнував голови, асистирав и мислам дека имав интересни изданија. Имам многу убави спомени од времето во Мадрид. Оставив добра слика и тоа беа три уникатни години од мојата кариера. Ми се оствари сонот. Како дете мечтаете да играте за најголемите клубови и мене ми се оствари сонот да заиграм за Реал, засекогаш ќе ги паметам овие три години – вели Колумбиецот.

„Во клуб како Реал Мадрид има огромен притисок, постојано сте под лупа, на кантар ви ставаат сè, и она што ќе го кажете и она што нема да го кажете... За да играте за клуб како Реал Мадрид морате да бидете подготвени на сè, морате да знаете да играте фудбал но и да бидете ментално подготвени и силни. Реал ми помогна многу од овој аспект и да пораснам во врвен играч.