24фудбал

Роналдо лут на Зидан поради повредата на Марсело?

Според шпанските медиуми, Кристијано Роналдо бил фрустриран поради повредата на Марсело кој има големи шанси да го пропушти реваншот со ПСЖ.

Шпанија

Реал Мадрид вчера го победи Бетис со 5-3, а Марсело пред време го напушти натпреварот. Во кралскиот клуб се уште се во исчекување за резултатите од повредата на бекот, но реални се шансите тој да го пропушти реваншот со ПСЖ.

Во шпанските медиуми се пишува дека Роналдо му бил лут на Зидан бидејќи не го одморил Марсело кој оваа сезона е еден од најкористените играчи.

Бразилецот беше заменет од Тео Хернандез и најверојатно тој ќе игра и против страшната офанзива на ПСЖ.

Зидан се надева дека Марсело сепак ќе може да игра против ПСЖ, но знае дека не може да потврди ништо пред да дојдат резултатите.

„Се надевам дека не е многу сериозно. Марсело ни рече дека не смета дека е премногу лошо. Како и да е мора да ги почекаме резултатите пред да потврдиме нешто“, вели Зидан.