24фудбал

Галијани скокна во одбрана на сопственикот на Милан и порача: Еден плус еден плус еден е ТРИ!

Галијани скокна во одбрана на сопственикот на Милан и порача: Ако инвестиција од речиси 1 милијарда не е доволно тогаш не знам што...

Италија

Денеска во медиумите од Италија беше објавена нова статија со која се фрла сомнеж врз богатството на Јонгхонг Ли, кој во април за 740 милиони евра го купи Милан од семејството Берлускони.

Кориере дела Сера објави дека во Кина на аукција се распродава дел од  неговиот имот поради банкрот и долгови кон две банки.

Но Адриано Галијани убедува дека Јонгхонг Ли ги има потребните средства и бизнисменот од Кина веќе го докажал тоа откако инвестирал речиси една милијарда евра за купување на клубот и носење на засилувања.

„Господинот Ли инвестираше сериозна сума или поточно 740 милиони евра за купување на Милан, а за комплетирање на зделката асистираа важен советник, голема интернационална банка и позната адвокатска куќа – вели поранешниот прв човек на „Росонерите“.

„Исто така се случија три важни работи. Како прво, до Лига Калчо тој достави акредитации за финансиската моќ и тие беа одобрени. Како второ, фондот Елиот му позајми 300 милиони евра, па и тие сигурно н аправиле сопствена анализа и проценка.

„Како трето, изминатово лето беа потрошени околу 200 милиони евра за засилувања и беа дадени непходните финансиски гаранции кои ги наметнуваат правилата во италијанскиот фудбал.

„Искрено не знам што точно се случува во Кина, но еден плус еден плус еден е еднакво на ТРИ, и за нас ваква се одвиваат работите.