24фудбал

Кјелини се соочува со казна за тоа што му го стори на Белоти (ВИДЕО)

Искусниот дефанзивец не беше нежен во дуелот со противничкиот напаѓач.

Италија

Јувентус славеше минимално во дуелот против својот градски ривал Торино, а една доста контроверзна ситуација имаше на мечот во Торино.

Кјелини во една битка за освојување на топката со Белоти со сета сила го удри напаѓачот во лицето, овој се пожали на тој удар, но главниот арбитар на средбата Орсато не се ни консултираше со ВАР-технологијата, не го улови тој момент, па Кјелини ниту жолт картон не доби за овој потег, но снимките можат да послужат за евентуална суспензија за фудбалерот на Јувентус...