24фудбал

Фанови на Челси слават како веќе да ја елиминирале Барса, откако Конте потврди дека еден фудбалер нема да игра

23 годишниот француски интернационалец не се снајде во дресот на Сините од Лондон, а фановите се радуваат што тој нема да игра утре.

Лига на Шампиони

Утре Барселона гостува кај Челси во првиот меч помеѓу обете екипи во осминафиналната рунда од Лигата на шампионите.

За утревечерниот меч во Лондон, кај домаќините отпадна од комбинација Тимуе Бакајоко, за тоа потврди и шефот на стручниот штаб на англискиот првак, Антонио Конте.

Веста дека Бакајоко ќе биде вон комбинација за пресметката со Барселона, фановите на Челси ја примија со огромно задоволство...