24фудбал

Дрогба јуниор го потпиша својот прв голем договор (ФОТО)

17-годишниот син на легендарниот напаѓач на Челси, Дидие Дрогба, Исак го потпиша својот прв голем професионален договор и сигурно чекори по стапките на татко му.

Англија

Исак Дрогба ќе настапува во најдобрата француска лига откако потпиша за Гингамп.

За Гингамп има настапувано и Дидие Дрогба кој за овој клуб има постигнато 24 гола на 50 натпревари. Од таму се пресели во Марсеј, а потоа во Челси.

На својот инстаграм профил Дрогба напиш: „Не можам да бидам погорд на тебе Исак Дрогба“.

Во коментари честитаа и легендите на Челси, Френк Лампард и Џон Тери.

„Честитки! Го паметам Исак како мало културно момче! Сега е маж!“, напиша Лампард.

„Не можам да верувам колку е голем сега, честитки“, напиша Џон Тери.