24фудбал

Каде стои рекордниот договор на Арсенал и Емирати со останатите ривали од Премиерлигата (ФОТО)

„Топчиите“ денеска соопштија дека ја продолжуваат соработката со „Флај Емирејтс“ до 2024, Арсенал новиот пет годишен договор го опишаа како најбогат во историјата

Англија

Клубот од Северен Лондон не открива детали и бројки, но според медиумите од „Островото“ пет годишниот договор е тежок нешто над 200 милиони фунти, или 40 милиони фунти по сезона.

Арсенал вели дека ова е најбогат договор во нивната историја но за да се добие подобра перспектива треба да се направи споредба со останатите ривали од Премиерлигата.

Рекордниот договор на „Топџиите“ сепак не е најбогат во Англија, тоа место му припаѓа на Манчестер јунајтед, „Црвените Ѓаволи“ од спонзорскиот договор со Шевролат инкасираат 47 милиони фунти.

Договорот на Арсенал и Емирати е на нивото на оној кој го има Челси со Јокохама, и подобар од оние на Манчестер Сити, Тотенхем и Ливерпул.