24фудбал

Имобиле донесе победа за Лацио во дуелот со Верона (ВИДЕО)

Тимот од Рим ја прекина црната низа без победа.

Италија

Лацио славеше на домашен терен со 2-0 над Верона во последниот предвиден меч од 25 коло во италијанската Серија А.

Двата гола за домашниот табор на мечот во Рим ги постигна Чиро Имобиле, најнапред во 55. минута, а потоа и пет минути подоцна со што донесе три бода за својот тим по што се искачи на четвртото место на табелата во Серија А надминувајќи го Интер со бод предност.