24фудбал

Новиот спонзор на Милан сака да ги почасти „Росонерите“ со ангажман на звучно име

Медиумите од Италија пренесуваат дека новиот спонзор на Милан, Пума сака да донесе звучно име на Сан Сиро и притиска за ангажман на германскиот репрезентативец Марко Ројс

Италија

Германскиот производител на спортска опрема од следната сезона ќе биде спонзор на Милан и според денешното издание на Тутоспорт, Пума сака да донесе звучно има на Сан Сиро.

Изборот е паднат на Марко Ројс, ѕвездата на Борусија Дортмунд е заштитно лице токму на Пума.

Се говори дека делагација на Милан во четврток ќе биде присутна на трибините на дуелот помеѓу Аталанта и „Милионерите“ во Лига Европа и „Росонерите“ ќе се обидат да остварат прв контакт.

Но околу зделката има многу прашалници, најпрво Милан треба да дознае каква ќе биде санкцијата од УЕФА за прекршување на правилата за Финансиски фер плеј.

Исто така проблематична е и здравствената состојба на играчот, Марко Ројс овој месец се врати на терените по долга пауза поради повреда на коленото. 28 годишниот Германец во својата кариера веќе искуси неколку тешки повреди.