24фудбал

Откриена причината зошто Агуеро се степа со фанот на Виган, нова снимка пoубаво го долови инцидентот (ВИДЕО)

Серхио Агуеро вчера беше инволвиран во голем инцидент откако се степа со еден фан кој влезе на теренот да го прослави големиот успех на Виган, се говори дека навивачот го плукнал Аргентинецот и тоа ја предизвикало нервозната реакција на напаѓачот

Англија

Голгетерот на „Граѓаните“ беше инволвиран во немил настан по последниот свиреж на судијата. Домашните навивачи влегоа на теренот да го прослават големиот успех на Виган и елиминацијата на Манчестер Сити во ФА Купот.

Еден од нив му дофрли нешто на Кун Агуеро кој нервозно реагираше и го удри фанот.

Според пишувањата на шпанскиот новинар Хосе Алварез Аја, Аргентинецот ги загубил нервите бидејќи бил плукнат. Исто така, напаѓачот се плашел за својата безбедност и сметал дека фанот во рака има предмет со кој може да му наштети.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појави ново видео од инцидентот, снимката од трибините поубаво ја долови целата ситуација.