24фудбал

Почетни состави за дуелите Челси - Барселона и Баерн Минхен - Бешикташ

Вечерва очите на фудбалските фанови ќе бидат вперени во Лондон на мега пресметката помеѓу Челси и Барселона, но добар меч се очекува и во Минхен каде Баерн го пречекува Бешикташ.

Лига на Шампиони

Вечерва се играат две пресметки во осминафиналната рунда од Лигата на шампионите, каде во стандардниот термин од 20 часот и 45 минути се среќаваат Челси и Барселона, односно Баерн Минхен и Бешикташ.

Веќе се познати и почетните состави за двете предвидени средби вечерва, па да ги проследиме.

Од тоа што можеме да го видиме, англискиот првак ќе игра без класичен напаѓач, а во улога на најистурен напаѓач ќе игра Азар. На спротивната страна пак Меси, Суарез и Иниеста ќе го сочинуваат триото нападот на спротивната страна.

Челси: Куртоа, Рудигер, Алонсо, Фабрегас, Канте, Азар, Педро, Мојсес, Вилијан, Кристенсен и Азпиликуета.

Барселона: Штеген, Пике, Ракитиќ, Бускетс, Иниеста, Суарез, Меси, Паулињо, Алба, Роберто и Умтити.


Интересна средба ќе има и во Германија каде Баерн Минхен ќе се судри против едно од најпријатните изненадувања во групната фаза од елитното европско клупско натпреварување.

Баварците сосема очекувано со Левандовски ќе го напаѓаат голот на турскиот првак, кој пак во нападот како најистурен ќе го има Бразилецот Лав.

Баерн Минхен: Улрих, Хумелс, Мартинез, Левандовски, Родригез, Боатенг, Видал, Милер, Алаба, Коман и Кимих.

Бешикташ: Фабри, Адриано, Пепе, Кварезма, Бабел, Медел, Хатчинсон, Вида, Лав, Еркин и Талиска.