24фудбал

Монтела се пошегува за тоа како Севиља би го сопрела Санчез

Италијанскиот фудбалски стратег има високо мислење за фудбалерот на Манчестер јунајтед.

Лига на Шампиони

Утревечер Севиља на домашен терен ќе го пречека Манчестер јунајтед во првата пресметка помеѓу двете екипи во рамките на осминафиналната рунда од Лигата на шампионите.

Италијанскиот стратег од клупата на шпанскиот прволигаш, Винченцо Монтела издвои дека доколку неговиот тим сака да го изненади фаворитот, тогаш ќе мора да го сопре Алексис Санчез, но тој и се пошегува на таа тема.

Можеби ние треба да го убиеме или да го срушиме, или пак нешто друго да направиме“ рече Монтела кој притоа додаде дека доста добро го памети периодот кога Чилеанецот настапувал во италијанскиот фудбалски шампионат и истакна дека станува збор за одличен фудбалер.