24фудбал

Пандев: Останувам да живеам во Џенова, но во јуни ќе одлучам дали ќе продолжам да играм

Горан Пандев вели дека по крајот на сезоната ќе одлучи дали ќе продолжи да игра фудбал, во секој случај ќе остане да живее во Џенова со своето семејство.

Македонија

Горан Пандев игра во одлична форма, по што Џенова подготвува нов договор за македонскиот фудбалер. Нашиот капитен од италијанските медиуми беше запрашан дали ќе продолжи во овој клуб.

„Нов договор? Во јуни ќе одлучам дали ќе продолжам да играм или ќе прекинам. Сега размислувам само за мечот со Болоња. Многу ми е добро во Џенова, уживам тука. Во секој случај со семејството ќе продолжиме да живееме во Џенова, моите деца сега го зборуваат дијалектот на овој град“, изјави Пандев.

„Кога ме викна г-дин Јуриќ не размислив два пати. Имав и други опции, но Џенова е Џенова. Економските услови не се важни. Тука најдов мотивација, се чувствувам важен во тимот, дека можам да му помогнам“.

„Балардини? Јас знаев дека тој ме сака, но тогаш во Лацио не можеше да ме игра поради одлука на претседателот Лотито. Тука ми даде самодоверба и можност да играм константно. Сега тимот игра во добра форма“.