24фудбал

Фелипе со еврогол од слободен удар го спаси Вардар од пораз

Вардар одигра 1-1 против Шкендија во првиот натпревар од Купот на Македонија, Фелипе со евргол од слободен удар го спаси шампионот од пораз

Македонија

И втората пресметка помеѓу Вардар и Шкендија во период од една недела заврши со идентичен резултат. Попладнево во Купот на Македонија и на арената „Филип Втори“, двата лути ривали одиграа 1-1.

Резултатот беше отворен во 63. минута. Дарко Глишиќ погреши во нападот, Шкендија отвори контра која на крајот умешно ја реализираше Бесарт Ибраими за 0-1.

Вардар стигна до изедначување во 79. минута преку Хуан Фелипе. Бразилецот мајсторски биеше од слободен удар, топката заврши во десниот агол на Захов, кој не можеше да стори ништо и покрај тоа што гостинскиот голман се испружи колку што е долг.

Патникот во полуфиналето ќе биде познат на 7. март по одигрувањето на реваншот во Тетово.