24фудбал

Рамос објасни зошто не му дозволи на Бејл да го изведе пеналот против Леганес (ВИДЕО)

Серхио Рамос ја потврди победата на Реал Мадрид на Бутарке откако во 90. минута прецизно реализираше удар од белата точка

Шпанија

Капитенот на „Кралевите“ не му дозволи на Герет Бејл да ја изведе најстрогата казна против Леганес. Фудбалските љубители беа сведоци на еден ваков сличен инцидент во ПСЖ, кога Кавани и Нејмар се натегаа кој да шутира пенал, ривалството помеѓу двајцата напаѓачи за малку не прерасна во тепачка во соблекувалната па во целиот случај мораа да се вмешаат и лидерите на клубот

Но Серхио Рамос вели дека вечерашната ситуација воопшто не е налик на онаа од Паркот на Принцовите и објасни зошто тој шутирал од белата точка.

„Кога Кристијано Роналдо не е на теренот, јас и Бејл ја делиме обврската. Сега мене ми беше редот па затоа јас шутирав – вели дефанзивецот.

„Нема никакво ривалство помеѓу мене и Бејл.