24фудбал

„Погба ќе беше друг фудбалер ако играше за Пеп Гвардиола во Сити“

Пол Погба игра во лоша форма, а некои сметаат дека тоа е поради Жозе Мурињо кој не знае да го извади максимумот од најскапиот фудбалер во историјата на Манчестер јунајтед.

Англија

Легендата на Арсенал, Јан Рајт е еден од оние кои сметаат дека Мурињо е виновен за лошата форма на Погба. Тој верува дека Французинот би бил сосема поинаков играч ако играл за Пеп Гвардиола.

„Можете ли да го замислите Погба во Сити во таа офанзивна линија на десната страна каде Гундоган игра или било каде околу. Пеп ги сака играчите. Доколку Погба играше во тој тим можам да се обложам во се дека тој немаше да ја има оваа рамка на размислување која ја има сега“, вели Јан Рајт.

„Се обложувам дека тој сега е збунет и не знае што се случува. Можам комплетно да разберам зошто фановите на Манчестер јунајтед велат дека тој не игра добро но ние зборуваме за топ, топ фудбалер кој треба да се менаџира“.