24фудбал

Стефан Ристовски стартер во Лига Европа

Македонскиот интернационалец, Стефан Ристовски од првата минута ќе го почне денешниот реванш натпревар од Лига Европа против Астана.

Македонија

Спортинг Лисабон од 19 часот ја пречекува екипата на Астана во реванш натпреварот од Лига Европа.

Стефан Ристовски не беше во комбинација за последниот натпревар на Спортинг во португалското првенство, но денеска е најавен во стартниот состав.

Спортинг Лисабон го доби првиот меч со 3-1, па се очекува да нема големи проблеми за пласман во осминафиналето.

Натпреварот помеѓу Спортинг Лисабон и Астана почнува од 19 часот.