24фудбал

Јувентус има „бај-бек“ клаузула за Погба?!

Л’Екип пренесе вест која одекна како бомба низ фудбалска Европа.

Италија

Според информациите кои ги пренесува француски „ЛЕкип“ се вели дека постои можност да Пол Погба се врати во Јувентус и да ги напушти редовите на Манчестер јунајтед.

Се поизвесно е дека францускиот фудбалер не е во добри односи со неговиот тренер Жозе Мурињо, па би можел да се врати во тимот од Торино.

Наводно Погба имал клаузула (бај-бек, buy-back) во договорот со Манчестер јунајтед кој би му дозволил негово враќање во Јувентус за сума од околу 60 милиони евра.

Веројатно единствениот проблем во остварувањето на овие амбициозни најави е неговата висока плата, познато е дека најскапо платени фудбалери во тимот од Торино се Пауло Дибала и Гонзало Игуаин со годишна плата од седум ипол милиони евра, додека Французинот заработува 12 милиони евра годишно.