Категорија: Лига на Шампиони 07.03.2018 10:08
„Светците“ со големи амбиции влегоа во Лигата на шампионите откако пред почетокот на сезоната потрошија 400 милиони евра за ангажман на Нејмар и Килијан Мбапе.
Но тие доживеаја елиминација уште во првата нок-аут рунда. Реал Мадрид вчера со нова победа и вкупни 5-2 го исфрли ПСЖ од најелитното европско натпреваруање.
По крајот на натпреварот, Јулијан Дракслер упати силни критики на адреса на Унаи Емири и имаше замерки за пристапот на „Светците“ во првото полувреме.
„Реал Мадрид
играше смирено и без нервоза. Ние само ја подававме топката напред-назад, но
така не можете да победите. Кога губите со 1-3, морате да го притиснете Реал и
да извршите притисок врз противникот од самиот старт” - вели Германецот
„Не може само да ја додавате топката и да чекате голот да падне од небо. Заслужено сме елиминирани. Изминатово лето потрошивме 400 милиони евра и тоа требаше да донесе пормени, но еве повторно не успеавме да поминеме осминафинале”.